Беспарицата предизвикува мигрена

од desk2

Без оглед на тоа дали сте материјалисти или не, немањето пари секако ќе ве погоди – велат експертите од Универзитетот во Бостон.

Врз основа на студијата која ја спровеле, тие заклучиле дека финансиските проблеми се причинители на стрес, кој е пак причина за здравствени проблеми. Тие често можат да бидат многу сериозни.

Луѓето кои ги мачи беспарица имаат поголеми шанси да доживеат срцев или мозочен удар, покажала студијата. Напнатост во грбните мускули чувствуваат 65 отсто од луѓето со финансиски проблеми.

Речиси 30 отсто од испитаниците изјавиле дека поради финансиски проблеми „заработиле“ чир на желудникот, додека само 8 отсто од нив кои немаат финансиски проблеми имаат исти здравствени проблеми.

Од мигрена страдаат дури 44 отсто од луѓето кои се под стрес поради недостаток на пари, а само 4 отсто од луѓето поради такви грижи имаат сериозни главоболки.

Слични содржини