Бесплатен интернет на најфреквентни локации во Битола

од Aleksandar Petrovski

Општина Битола ја стави во функција донацијата од Друштвото за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, со која се овозможува на две локации во градот да се користи бесплатен интернет.

Станува збор за најфреквентни локации каде има најголемо движење на граѓани и туристи, односно кај Градскиот часовник и Градскиот парк во Битола.

-Поставени се хот спотови за бесплатен безжичен интернет (Wi – Fi) кои овозможуваат непречена и квалитетна комуникација во централното градско подрачје и плоштадот „Магнолија“, како и кај спортската сала „Боро Чурлевски“ и битолскиот Музеј, каде редовно има гости туристи, рекреативци и други посетители. Инсталираната опрема за бесплатен интернет е резултат на договорот за донација, склучен со Друштвото за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, чија вкупна вредност изнесува 369.000 денари, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Слични содржини