„Бев убедена дека е моја вина“: Позната актерка била силувана од нејзиниот вујко со години

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Тери Хачер е најпозната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, а ги шокираше сите свои обожаватели кога откри дека била жртва на злоставување на возраст од пет до девет години.

Сето тоа го открила дури кога имала 41 година и тоа на Меѓународниот ден против насилството врз жените. Потоа признала и дека била злоставувана од нејзиниот вујко.

„Бев убедена дека тоа е моја вина и се обвинував себеси за тоа што ми се случи, па никому не кажав за тоа и чував се во себе“, изјавила тогаш таа.

Истакнала и дека нејзината мајка забележала дека чудно се однесува околу нејзиниот вујко, и дека ја држела подалеку од него.

„Сите молчевме, така беше полесно. Мислев, дали сум луда, дали измислувам работи? На жртвите им е полесно да поверуваат дека тоа е плод на нивната имагинација отколку да се соочат со вистината“, продолжи актерката.

Тери немала намера никогаш да зборува за сето ова, но потоа дознала дека нејзиниот вујко Ричард Хејс Стоун бил обвинет дека силувал уште две девојчиња, од кои едната извршила самоубиство.

Токму тинејџерката Сара Ван Климпут пред да се убие оставила порака: „Сигурно се прашувате зошто нормален тинејџер го направил ова. Па, прашај го Дик зошто?“.

Дик беше прекарот на вујкото на актерката, а тој беше семеен пријател на родителите на починатото девојче.

Тогаш актерката реши да проговори за својот случај, а Стоун беше осуден на 14 години затвор. Тој одлежал само шест години кога умрел во затвор.

Слични содржини