Актуелно
Почетна / Локално / Без дозвола, исечено здраво дрво кај „Мавровка“ (фото)

Без дозвола, исечено здраво дрво кај „Мавровка“ (фото)

Пред кафуле во трговскиот центар „Мавровка“ викендов било исечено здраво дрво.

„Изминатиот викенд пред деловниот објект „Мавровка“ од непознат сторител е исечено едно здраво дрво. Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби. Градските инспектори за животна средина го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет“,велат од Градот.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги чуваат зеленилото и другите јавни површини.

loading...