Без гужви: Тесла има своја лента на граничен премин (ФОТО)

од Nikola Popovski

Иако Тесла е производител кој многумина го доживуваат како гордост на американската автомобилска индустрија, практиката покажува дека подизведувачите не познаваат граници.

Ова е најочигледно на граничниот премин „Columbia Solidarity “ меѓу Тексас и Мексико каде мексиканската страна отвори специјална лента за Тесла и нејзините добавувачи. Ова е резултат на договорот меѓу компанијата и мексиканската држава Нуево Леон, според кој беше отворена посебна лента за преминување на возилата на Тесла и нејзините добавувачи, пишува „Блумберг“.

-Изгледа чудно, особено што Тесла и Илон Маск се фалат дека нивните автомобили се направени во Америка со локални делови. Сепак, многу делови доаѓаат и однадвор, па не треба да чуди што е воведен ваков режим на границата, пишува „Index.hr“.

Блумберг пишува дека ова не е многу фреквентен граничен премин, па овде камионите не чекаат повеќе од 20 минути за да ја поминат границата. Затоа, отворањето на посебна лента е еден вид политички потег со кој мексиканската држава сака да поттикне понатамошни инвестиции и проширување во автомобилската индустрија, особено кога станува збор за мексиканските добавувачи. Шест главни добавувачи од Мексико моментално работат за Тесла, вклучувајќи го и германскиот ЗФ, кој таму има погони.

Слични содржини