Без интерес за гласање од карантин, се пријавило само едно лице

од Nikola Popovski

Досега само едно лице кое е во карантин се пријавило да гласа на изборите, што треба да се реализира два дена пред изборниот ден. Остануваат уште два дена до истекот на рокот.

Гласачите кои по 8 јули ќе се заразат со коронавирусот или ќе добијат решение за самоизолација, нема да може да гласаат на овие избори.

Овие граѓани, правото на глас ќе го остварат од нивните домови, за што се формирани посебни одбори составени од еден лекар, две медицински сестри и по еден член на партиите делегиран за набљудување на изборите.Сите мора да носат заштитна опрема против Ковид-19, која ќе се менува по секое гласање.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во моментов 6 502 лица во моментов се во изолација, а 64 во самоизолација.

Според податоците на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кои на денешната прес-конференција ги соопшти министерот Венко Филипче, околу 5 000 луѓе (од 6 502 во изолација) се на домашно лекување од ковид-19.

Досега се формирани 100 избирачки одбори. Предвидено е по еден одбор да биде во секоја општина, но во општините каде има висок број заразени, како што е Чаир, гласањето ќе го спроведат два одбора. Граѓаните кои се во изолација ќе гласаат на 13 јули. За да го остварат своето право на глас од дома, лицата во изолација или позитивни на Ковид-19, треба да се пријават на веб-страницата на Општинските изборни комиси.

Слични содржини