Без јасен победник и на третите парламентарни избори во Бугарија

од Nikola Popovski

И на третите парламентарни избори во Бугарија годинава нема да има јасен победник, покажуваат излезните анкети објавени веднаш по затворањето на гласачките места.

Три анкети и даваат симболична предност на партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), додека во една анкета предност има новата партија Продолжуваме со промени, пренесува Ројтерс.

Во анкетата на „Алфа рисрч“ се наведува дека ГЕРБ има 24,8 отсто од гласовите, додека другите две анкети на партијата на Борисов 23,5 односно 24,7 отсто. Галуп интернешнал објави дека е победник Продолжуваме со промените со 25,7 отсто од гласовите.

Аналитичарите сметаат дека евентуалната победа на партијата ГЕРБ нема да ја реши кризата, бидејќи Борисов се уште нема со кого да коалицира што би му обезбедило мнозинство во парламентот.

Им се даваат поголеми шанси да формираат влада на „Продолжуваме со промените“ кои би можеле да ги поддржат социјалистите и две помали партии.

Кога станува збор за претседателските избори, нема преголема неизвесност, бидејќи излезните анкети покажуваат дека актуелниот претседател Румен Радев добил 49 отсто од гласовите.

Слични содржини