Без кандидати за градоначалник на Маврово-Ростуше, ДИК ги откажа изборите

од Nikola Popovski

Државната изборна комисија на Северна Македонија денеска ја прекина постапката за избор на градоначалник на општина Маврово-Ростушен бидејќи единствениот кандидат се повлече.

Кандидатот на владејачката СДСМ, Медат Куртовски, минатата недела се повлече од кандидатурата бидејќи остана без противкандидат кога опозициската ВМРО ДПМНЕ објави дека нема да учествува на изборите за градоначалник на таа рурална општина.

Изборот за градоначалник на општина Маврово-Ростуше на локалните избори во октомври минатата година беше прогласен за неуспешен бидејќи не беше исполнет излезниот праг на една третина од запишаните избирачи.

Повторените избори во април годинава би можеле да бидат и неуспешни бидејќи се работи за „печалбарска општина“ од која голем дел од граѓаните пријавени за гласање се иселиле во странство.

Кандидатот на СДСМ Куртовски повлекувајќи ја кандидатурата објасни дека тоа го прави бидејќи нема потреба од дополнителни трошоци во општинскиот буџет за време на кризата за избори кои повторно би можеле да пропаднат.

„Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема противници, а многу наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да бидат неуспешни“, рече Куртовски.

Слични содржини