Без минута молчење за Михајловиќ пред почетокот на Хрватска-Мароко

од Nikola Popovski

И покрај најавата од ФИФА дека ќе има едноминутно молчење за починатиот Синиша Михајловиќ пред двата финални натпревари на Светското првенство, тоа не се случи пред натпреварот за третото место меѓу Хрватска и Мароко.

Како што изјави високиот функционер на ФИФА и поранешен тренер, Арсен Венгер, на Михајловиќ веќе му се оддаде почит кога легендите на Мундијалите одржаа едноминутно молчење пред вчерашниот ревијален натпревар во Доха.

Синиша Михајловиќ почина на 53-годишна возраст по долга борба со леукемијата.

Погребот ќе се случи во понеделник во Рим, а токму во Италија го постигна најголемиот успех во светот на фудбалот, но и во приватниот живот, каде што формираше семејство.

Останува надежта дека ФИФА барем делумно ќе ја поправи ситуацијата со едноминутно молчење пред финалниот натпревар меѓу Аргентина и Франција закажан за во недела, 18-ти декември.

Слични содржини