Без проблеми започна гласањето во четирите општини од Тиквешијата

од desk2

Без проблеми започна гласањето во четирите општини од Тиквешијата. Во Кавадарци се гласа на 59 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 32.217 лица со право на глас. Претседателот на Општинска изборна комисија, Зоран Костов потсети дека вчера гласаа 19 немоќни лица. 

Во Неготино, како што информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Нетка Веселинова, навреме се отворени 28 избирачки места, а своето право на глас можат да го остварат 15.894 избирачи. Во текот на вчерашниот ден своето право на глас го искористија 16 стари и болни лица.

Во Демир Капија се гласа на 11, а во Росоман на 10 избирачки места. Право на глас имаат 3.364 демиркапијци и 3.344 росоманци. Претседателите на општинските изборни комисии, Стојна Топчиева и Лазар Симоновиќ, потсетија дека вчера гласаа 23 немоќни лица од Демир Капија и 17 од Росоман.

Слични содржини