Без струја утре делови од општините Бутел и Карпош

од Vladimir Zorba

Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел и Карпош, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од „ЕВН“.

– Од 08:30 до 11 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „1558“ во населба Радишани. Од девет до 13 часот, корисниците од кула број 1 на улицата „Никола Парапунов“, кај стара телевизија, појаснуваат од РЦУК

Слични содржини