Безбедно е да се прими попишувач дома исто како што е безбедно да се оди во продавница, вели Симовски

од Берта Китинска

Како да им се објасни на тие кои не сакаат да примат попишувач дома дека е безбедно? – Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски  одговори дека е исто како што е безбедно да се влезе во продавница и да се купат основни намирници.

–  Како што е безбедно да влезете во продавница да купите намирници основни елементарни. Тоа го правиме секојдневно речиси две години. Колку што е безбедно да прошетате било каде, затоа што веќе не живееме затворени, не сме изолирани како што бевме на почетокот на пандемијата. Погледнете ги кафеаните полни се, преполни, изјави Симовски.

Слични содржини