Безглутенски бел колач со лешници

од Elena Daskalova

Луѓето кои не се толерантни на глутен, не значи дека не можат да уживаат во печива и десерти. Потребно е само да се најде соодветна замена за пченичното брашно.

Во продолжение дознајте како да направите бел безглутенски колач со лешници.

Тесто:

150 гр путер
200 гр бело чоколадо
80 мл млеко
Една лажица екстракт од ванила
220 гр кафеав шеќер
100 гр мелени печени лешници
185 гр брашно од хељда 
1/4 лажиче прашок за пециво
40 гр оризово брашно
4 јајца

За посипување на тестото: 

40 гр сецкани печени лешници
50 гр сецкано бело чоколадо

Подготовка: 

Рерната загрејте ја на 180 степени. Ставете малку путер на тавче со големина 20 х 30см и обложете го со хартија за печење. Измешајте ги двата вида брашно со прашокот за пециво и мелените лешници и оставете ги настрана.

Разматете 4 јајца и оставете ги настрана. Лешниците и чоколадото исто така да се исецкаат, измешаат и да се остават настрана. Во тенџере, на тивок оган стопете го путерот исечен на коцки, потоа додадете го чоколадото, ванилата и млекото. Мешајте постојано и не дозволувајте да зоврие. Кога ќе се растопат чоколадото и путерот оставете ги малку да се оладат. Додадете во истата смеса кафеав шеќер и мешајте додека не се стопи шеќерот. Оставете ја смесата малку да се олади, да не биде премногу врела за да може да се спои со брашното и јајцата.

Течната смеса измешајте ја со брашното и лешниците, а потоа додадете ги и јајцата и се добро измешајте. Смесата ставете ја во плехот, а одозгора ставете малку од сецканите лешници и чоколадото. Печете околу 30 минути.

Слични содржини