Бежоска: Ќе имаме умерено намалување на инфлацијата во втората половина од 2022

од Nikola Popovski

Оваа година гледаме постепено опоравување на нашата економија и тоа се одвива во услови на закрепнување на глобалната економија, вели гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за емисијата „24 анализа“.

Според неа, глобалните случувања имаат доминантно влијание врз случувањата во доминантната економија.

-Главен двигател е извозот. По големиот пад минатата година од околу 10%, оваа година имаме раст од 16% што е солидна ставка. Самото закрепнување има позитивни ефекти во останатите сегменти на економијата, додава Бежоска.

Во однос на инфлацијата, од почеток на оваа година има нагорни ценовни поместувања во сите економии без исклучок, вели Бежоска.

-Во сите економии ќе се забрза инфлацијата. Просечната во најразвиените економии ќе биде 2,8 проценти, а во помалку развиените од 5,8 проценти. Македонската економија исто така не е имуна на овие случувања. При нашите проекции за наредниот период, сметам дека ќе имаме постепено и умерено намалување на инфлацијата, особено во вториот половина од 2022 година, кога ќе дојде до стабилизација на цените. Проценките се намалување на инфлацијата за околу 2,4, информира Бежоска.

Слични содржини