БГНЕС: Бугарија помогна на над 15 илјади Македонци за време на пандемијата

од Берта Китинска

До 5 јуни 15.237 Македонци е вратени во татковината за време на пандемијата од коронавирус благодарение на деноноќните напори на бугарската дипломатија, пишува бугарската агенција БГНЕС.

Оваа бројка се однесува до 5 јуни и е зголемена за повеќе од 1.000 луѓе зашто секој ден во Бугарија стасуваат меѓу 250 и 350 Македонци.

До 15 април, само за еден месец, благодарение на бугарските дипломатски мисии во светот и најмногу во Европа, само преку аеродромот во Софија се вратени 7.523 Македонци.

– Имаше случаи, кога сме ѕвонеле на бугарски конзули во 4 часот наутро. Доста непријатно, но требаше да вратиме стотици „заглавени“ сонародници на границите – вели за БГНЕС службеник во македонското Министерство на надворешни работи, кој сакал да остане анонимен, но додал дека меѓу „спасените“ биле и ќерката на сегашен македонски министер, блиски на пратеници во опозицијата, но и на познати личности.

Според агенцијата, до денес хуманитарната помощ од приватни лица за РС Македонија наближува 700.000 евра. Во неа не е вклучено медицинското опремување, кое беше подарок од бугарската држава.

„Зачудува фактот што македонското општество не е информирано од локалните медиуми за овие напори како на бугарската држава, така и на одделни македонски дипломати. И ако медиумите се ‘слободни’, што им пречи на македонските политички лидери независно дали се од власта или од опозицијата, кога сакаат да спасиме некого од нивните блиски, да соопштат дека бугарската држава соработува на секаков начин за враќање на илјадници обични македонски граѓани.

Информацијата стасува единствено и благодарение на личните соопштенија на социјалните мрежи на македонските граѓани, кои изразуваат благодарност за соработката за враќањето во татковината.

Пролетта 2020 година ќе остави трајни последици во бугарско-македонските односи. Бугарија подаде рака на секој Македонец, кој имал потреба низ целиот свет“, пишува БГНЕС.

И сега на оние, кои не го слушнале говорот на бугарскиот премиер Бојко Борисов, дека „лесно е да се зборува дека сме браќа, но тоа се гледа, кога е тешко“, слободно може да кажеме, дека Софија е повеќе од брат за Скопје, заклучува БГНЕС.

Слични содржини