Бијонсе ѝ испратила порака на Меган Маркл, реакцијата на Хари е вистински хит (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Во новиот документарен филм на Нетфликс за принцот Хари и Меган Маркл, има дел каде Меган вели дека поп-ѕвездата Бијонсе ѝ испратила порака.

Таа е воодушевена, а принцот Хари ѝ вели да ја повика Бијонсе на телефон.

„Нема потреба, не можам да верувам дека знае која сум јас. Таа напишала дека сака да се чувствувам безбедно и заштитено, вели дека ја почитува мојата храброст и ранливост и мисли дека сум избрана да ги скршам генерациските проклетства“, го прочита Меган текстот од пораката на Бијонсе.

Хари потоа ги крена рацете и погледна во камерата, а неговата реакција беше вистински хит.

Слични содржини