Би-Би-Си добиле 100.000 поплаки за известувањето за смртта на принцот Филип

од Vladimir Zorba

Би-Би-Си доби 100.000 поплаки од гледачите за известување за смртта на војводата од Единбург.

Корпорацијата го расчисти распоредот на програмата во петокот откако веста беше објавена кога принцот Филип почина во петокот, на 99-годишна возраст.

Сапуницата „Истендерс“ и финалето на натпреварувачкото шоу „MasterChef“ се заменети со вести, додека програмата на каналот Би-Би-Си 4 (кој емитува филмови, музика, документарни филмови и забавни содржини) е целосно прекината.

Би-Би-Си одби да го потврди бројот на поплаки што ги добил. Деталите официјално ќе бидат објавени во четврток.

Бројките треба да бидат вклучени во двонеделниот билтен на радиодифузерот за добиените жалби.

Бројка од 100.000 приговори би го направила известувањето за смртта на принцот Филип програма со најмногу приговори примени во историјата на Би-Би-Си.

Друга содржина што привлече големо количество пишани коментари беше емитувањето на мјузиклот Џери Спрингер: Опера, кој доби 63.000 поплаки во 2005 година, и смешниот повик на Расел Бренд до актерот Ендру Сакс, за кој беа примени 42.000 поплаки во 2008 година.

Би-Би-Си не беше единствениот медиум кој ја прилагоди програмата за известување за смртта на принцот Филип – и ИТВ и Канал 4 емитуваа дополнителни вести.

Сепак, многу гледачи се откажаа од гледање телевизиски канали како одминуваше денот, а гледаноста на ИТВ во петокот вечерта опадна за 60 проценти во споредба со претходната недела, според податоците снимени таа вечер.

Рејтингот на Би-Би-Си 1 исто така падна за шест проценти во однос на претходната недела, додека Би-Би-Си 2 изгуби две третини од својата публика, со само 340.000 луѓе кои гледаа од 19 до 23 часот.

Најгледаната програма на еден канал во петокот вечерта беше реалити шоуто на Канал 4 со 4,2 милиони гледачи.

Во саботата, Би-Би-Си објави посветен формулар на својата веб-страница за да им овозможи на гледачите да достават жалба до телевизиската програма, препознавајќи го опсегот на приговорите.

Формуларот беше отстранет во неделата кога бројот на жалби започна да опаѓа, соопшти корпорацијата.

Слични содржини