Би-Би-Си се извини поради интервјуто со принцезата Дајана

од Stefanija Kuzmanovska

Би-Би-Си денес понуди извинување поради интервјуто со принцезата Дајана, кое беше емитувано во 1995 година, по истрагата што доведе до заклучок дека Би-Би-Си не успеала да постигне високи стандарди на интегритет, заради начинот на кој ја наговорила принцезата Дајана на тоа интервју.

Исто така, вината на новинарот Мартин Башир е утврдена поради измама, бидејќи истрагата открила дека Башир го убедил братот на Дијана, Чарлс Спенсер, да го запознае со својата сестра покажувајќи му лажни банкарски изјави, објави „Ројтерс“.

„Би-Би-Си не може да го врати часовникот по четвртина век, но може да се извини целосно и безусловно. Би-Би-Си го нуди тоа денес“, рече генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини