Би-Би-Си: Трамп со зачудувачка и изненадувачка понудана до Ким Јонг Ун во 2019 година

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му предложил на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун да се врати со американскиот претседателски авион во Пјонгјанг од самитот во Ханој во 2019 година.

Во документарецот на Би-Би-Си Trump Takes on the World, се наведува дека понудата на поранешниот американски претседател, доколку Ким ја прифател, би била „изненадување дури и за најискусните дипломати“.

Ким пристигна во Ханој по повеќедневно патување со воз низ Кина, а Трамп тогаш рекол: „Можам да ве вратам дома за два часа ако сакате“.

Доколку севернокорејскиот лидер ја прифатеше понудата, неговото присуство и веројатно постапките на неговата придружба во авионот на американскиот претседател но во воздушниот простор на Северна Кореја, ќе покренеа многу безбедносни прашања.

Трамп и Ким се сретнаа двапати, а за првпат на историскиот самит во јуни 2018 година во Сингапур.

Сепак, преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја не напредуваа и дури се во застој од следниот неуспешен самит во февруари 2019 година во Ханој.

Севернокорејските државни медиуми не ја коментираа инаугурацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден.

Слични содржини