Библиски поплави во Австралија, браната се прелива, Сиднеј е под вода, а има и мртви (ВИДЕО)

од Milan1

Големи поплави ја погодија Австралија и досега загинаа 21 лице. Нова опасност е излевањето на браната на езерото Менли, поради што илјадници луѓе се евакуирани.

Обилни дождови, одрони, ветрови и бранови со недели ја погодуваат Австралија поради таканаречената атмосферска река која се појави над овој континент, а Сиднеј моментално е под удар на „библиската поплава“, пишува Гардијан.

Мајка (67) и син (34), кои се обиделе да се евакуираат од тој град и чиј автомобил бил пронајден поплавен на улица, се последните две од 21-та жртва на поплавата во таа земја. Само во Сиднеј и околината животот го загубија осум лица.

Околу 40.000 луѓе се евакуирани од своите домови во Нов Јужен Велс, државата Сиднеј.

Во самиот Сиднеј работата на метрото беше отежната, бидејќи водата поплави бројни тунели и станици. Поплавени се бројни улици и автомобили, а сообраќајот се одвива отежнато.

Слични содржини