Постојат две главни причини зошто подгревањето на одредена храна е опасно. Првата причина е што хемиските соединенија во некои намирници може да се променат при повторно загревање, што може да доведе до ослободување на токсични материи кои можат сериозно да влијаат на здравјето, како што е оштетување на бубрезите.
Друга причина е ризикот од развој на бактерии кои брзо се размножуваат кога храната се лади и загрева, а некои од нив, како ешерихија коли и листерија, можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Ориз
Оризот е најопасен кога станува збор за подгревање. Кога варениот ориз се лади, може да содржи „Bacillus cereus“, бактерија која произведува спори кои се отпорни на високи температури. Дури и кога оризот се загрева, спорите на оваа бактерија остануваат активни, што ја прави храната небезбедна за јадење. Труењето со оваа бактерија може да предизвика симптоми како што се повраќање, дијареа и болки во стомакот.
Чај
Чајот е уште една храна која треба да избегнувате да ја подгревате. Експертите предупредуваат дека подгревањето на чајот не само што го горчи, туку и ја зголемува концентрацијата на танинска киселина. Оваа киселина може да овозможи активирање на бактерии, што дополнително ја загрозува безбедноста на пијалокот.
Спанаќ
Првата храна на листата која не треба да се подгрева е спанаќот. Овој зеленчук, кој е познат по своите здрави својства, содржи оксална киселина. Оваа киселина е безопасна додека спанаќот е свеж, но кога ќе се загрее, оксалната киселина може да кристализира и да стане токсична. Во високи концентрации, оваа супстанца може да го зголеми ризикот од камења во бубрезите.