Бифтек полнет со јаболки и фета

од desk4

Денешниот предлог за неделен ручек ќе ве воодушеви поради поинаквиот вкус добиен од комбинацијата на свинско месо со јаболки и фета.

СОСТОЈКИ
1-1,5 кг свински бифтек
1/2 чаша јаболков сок
1/2 чаша ризлинг или друго слатко бело вино
1 лажица ладно цедено маслиново масло
2  јаболки грени смит
200 г сечкани печурки
2 лажици сечкани листови од рузмарин
1 лажичка мелен цимет
1 лажичка мелен сушен лук
5-6 сечкани урми
170 г фета сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Пред да почнете со готвење ставете го месото да отстои на собна температура 30 минути. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во еден сад измешајте ги виното и сокот од јаболки, па зачинете со сол и црн пипер и оставете да стои на страна. Исечете го месото да добиете една голема шницла, поставете го меѓу два листа најлонска фолија и исчукајте го со чекан. Зачинете со сол и црн пипер.
Голема тава загрејте ја и додајте ги сечканите јаболки, кромидот и печурките, па гответе додека омекне кромидот. Додајте го рузмаринот, циметот и лукот па гответе уште 1-2 минути. Тргнете го садот од оган и додајте ги сечканите урми и фетата. Оваа мешавина распоредете ја на месото и завиткајте го во ролат. Потоа прицврстете ги краевите со чепкалки или со кујнски конец.
Префрлете го ролатот во сад за печење, премачкајте го со смесата со вино и пола од нејзе истурете ја во садот околу месото, па ставете да се пече во загреаната рерна. Полевајте го месото со остатокот од течноста на секои 10-15 минути. Проверете по 50 минути дали е печено. Извадете го готовото месо, покријте го садот со алуминска фолија и оставете да стои 10-15 минути пред да ги отстраните чепкалките (конецот). Сервирајте го полеано со течноста во која се печеше.

Слични содржини