БиХ го ограничува производството на ракија за физички лица

од Nikola Popovski

Алкохолни пијалоци, ракии и ликери во Федерацијата БиХ во иднина ќе можат да произведуваат и продаваат само правни и физички лица кои се запишани во регистарот на производители, предвидува предлог-законот за жестоки алкохолни пијалоци.

Со овој предлог-закон е предвидено и производителот кој за свои потреби произведува жестоки алкохолни пијалоци да има обврска да се запише во регистарот, доколку произведената количина во текот на годината надмине 20 литри чист алкохолен пијалок.

Производител на жестоки алкохолни пијалоци се запишува во регистарот доколку ги исполнува условите од аспект на капацитети, простории, опрема и уреди, како и од аспект на стручен кадар, освен производители кои се занимаваат со производство за свои потреби.

-Законот, кој е направен по примерот на Хрватска, предвидува и казни од 1.000 (околу 500 евра) до 9.000 конвертибилни марки, во зависност од прекршувањето, објави порталот „Кликс“.

Медиумите наведуваат дека предлог-законпт е подготвен од Сојузното Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство за усогласување на оваа област со регулативите на ЕУ.

Слични содржини