БиХ: Гужви на граничните премини

од Radmila Tasevska

Претстојните божиќни и новогодишни празници создаваат голема гужва на граничните премини во БиХ, па на возачите им се препорачува да избегнуваат одредени гранични премини.

Гужви има на граничните премини Босански Брод, на влез во БиХ, ГП Делеуша (Билеќа-Вилуси), ГП Босанска Градишка, исто така на влез во БиХ и ГП Стара Градишка.

Поради претстојниот католички Божиќ, од утре, 24 декември напладне до понеделник, 26 декември, забранет е транспорт на експлозивни материјали на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина, соопштија властите.

Слични содржини