Актуелно
Почетна / Сцена / Бијонсе била злоупотребувана од други ѕвезди кога била тинејџерка?

Бијонсе била злоупотребувана од други ѕвезди кога била тинејџерка?

Таткото на Бијонсе, Метју, моментално ја промовира својата автобиографија, во која изнел шокирачки и сериозни обвинувања поврзани со неговата ќерка.

Тој пишува дека Бијонсе и Кели Роуленд преживеале злоупотребување кога биле тинејџерки, на самите почетоци на Destiny’s Child. Ноулс, кој во тоа време им беше менаџер, обвинува дека на турнејата биле нападнати од членови на бендот Jagged Edge.

„Тие имаа 16 и 17 години, а момците помеѓу 20-23. Беа на заедничка турнеја и секојдневно ми јавуваа дека тие момци ги задеваат“, наведува тој, што го повлекува прашањето како, од една страна во улога на менаџер, но пред се татко, дозволил неговата малолетна ќерка да биде незаштитена во такви услови.

На крајот, тој сепак интервенирал и ја прекинал заедничката турнеја на бендовите и ги раздвоил. Во биографијата зборува и за тоа дека добил уште две деца со две различни жени додека бил во брак со Тина, мајката на Бијонсе и Соланж.

По нивниот развод, пејачката ја прекина соработката со татко си и го обвини за манипулација со пари. Метју Ноулс неодамна објави и дека боледува од рак на дојката, кој иако е многу редок кај мажите, може да се случи и да биде доста тежок за третирање.

loading...