Бијонсе доби изненадување за својот 42 роденден: Легендарна пејачка ѝ се придружи на сцената (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
553 прегледи

Познатата пејачка Бијонсе на 4 септември го прослави својот 42-ри роденден.

Таа моментално е на светската турнеја „Renaissance“, а на роденденот го одржа третиот настап во Калифорнија.

Додека пејачката беше на сцената, нејзината легендарна колешка Дајана Рос ѝ приреди изненадување кое ја остави Бијонсе без зборови.

Имено, Дајана се качила на сцената и почнала да ѝ пее роденденска песна, а и се придружила и публиката.

„Ти благодарам многу! Ти си толку неверојатна. Ова е легендарната Дајана Рос“, изјави Бијонсе и додаде:

 

„Не би била тука да не беше ти“. Ти благодарам многу за твојата жртва, твојата убавина и грациозност. Ти благодарам што ми ја отвори вратата“.

Дајана тогаш изјави дека сакала да ѝ се оддолжи на Бијонсе, кога таа ѝ испеала роденденска песна на концерт во 2019 година, кога Рос го прославуваше својот 75-ти роденден.

Слични содржини