Бијонсе објавува албум по 6 години: Фановите разочарани од новата песна

од Stefanija Kuzmanovska

Една од најпопуларните пејачки Бијонсе ја објави песната „Break My Soul“, која ќе се најде на нејзиниот нов албум „Renaissance“.

Поминаа шест години од последниот албум „Lemonade“ и сите очекуваа многу од Бијонсе, но изгледа дека сега нејзините слушатели не се баш задоволни.

Песната е првиот сингл од албумот „Renaissance“, кој, како што е најавено, ќе биде објавен на 29 јули.

Бијонсе изгледа не го подоги вкусот на повеќето, а иако има и позитивни коментари, има уште многу кои ја критикуваат пејачката.

„Продукцијата звучи евтино и генеричко. Не е на нивото на стандардите на Бијонсе“, „Тоа е здодевна песна“, „Каков текст е ова?“, се само некои од коментарите под песната, но и на социјалните мрежи.

Слични содржини