Бијонсе заблеска во златен фустан

од desk4

Бијонсе  која се појави на црвениот тепих за отворањето на филмското студио „Тајлер Пери“ во Атланта, заблеска во полн сјај додека позираше во златниот тесен фустан од арапскиот дизајнер Јусеф Ал Јасми. Нејзиниот изглед беше надополнет со дијамантски обетки и светло црвен кармин.

На настанот присуствуваше и мајката на Бијонсе – Тина Ноулс Лосон, а покрај нив други славни личности кои се појавија беа: Опра Винфри, Хали Бери, Кели Роуланд, Вајола Дејвис и Тараџи Хансон.

Светските медиуми коментираа дека понежната половина од Ноус- Зи двојката изгледаше прекрасно и покрај семејните проблеми што ги преживува моментално. Имено нејзиниот татко пред неколку дена откри дека се бори со опасната болест, рак на дојка.

Слични содржини