Биковиќ: Ако носите униформа, не удирајте човек кој лежи на земја (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Актерот Милош Биковиќ се огласи на својот Инстаграм по повод протестите што се одржуваат во Белград.

Тој во своето обраќање истакна дека не е соодветно полицијата да удира луѓе на улица, а исто така додаде дека демонстрантите не треба да прават немири на улиците на главниот град.

„Ако сте дома, или ако сте на улица, што и да правите, тоа е ваш избор, Една работа само, не го уништувајте градот. Ова е наш град. Ако носите униформа, не удирајте човек кој лежи на земја, тоа не му личи српски полицаец. Ние сме еден народ и сите сега сме загрозени од заедничкиот непријател, а тоа е вирусот. Носете маска, облечете ракавици, воздржете се од насилство и останете здрави“, рече актерот.

Слични содржини