Биковиќ негативен на коронавирус, ја брани одлуката на Ѓоковиќ за организирање на турнирот

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Милош Биковиќ на Твитер објави дека пристигнал резултатот од тестот за коронавирус и дека е негативен. Биковиќ беше тестиран затоа што беше во контакт со тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена пред една недела, објави „Н1“.

„Резултат од тестот: Негативен“, напиша попладнево Биковиќ на Твитер.

Тој набрзо се огласи и на Инстаграм, каде што напиша дека тој и неговите најблиски биле тестирани на вирусот и дека сите се негативни, додавајќи дека тоа е лекција за сите.

Во врска со Адрија тур организиран од Ѓоковиќ во Белград и Задар, а со која Биковиќ беше во контакт, актерот рече дека Ѓоковиќ тоа го сторил „за својата земја, за својот град, за сите љубители на тенисот“ и во согласност со законот и препораките.

„Се опуштивме премногу рано“, рече актерот.

Слични содржини