Бил Гејтс се напи вода од септичка јама (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот најбогат Американец и директор на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, за време на гостување во шоу изјави дека правел чудни работи во животот. Тој, меѓу другото, пиел вода од септичка јама. Видеото е објавено пред седум години.

Милијардерот на својот профил на LinkedIn по повод Светскиот ден на вецињата во саботата напиша дека еднаш се напил прочистена вода настаната од фекална тиња, и тоа додека бил гостин кај Џими Фалон.

Тоа била тестна вода од Омнипроцесор на Фондацијата Гејтс, кој ја претвора отпадната вода во чиста и вода за пиење.

„Направив некои чудни ср**а низ годините, пиев вода од септичка јама со Џими Фалон, делев бина со тегла човечки измет… Овие лудории предизвикуваа смеа, но мојата цел е секогаш да ги наведам луѓето да се грижат за проблем кој погодува 3,6 милијарди луѓе, за лошите санитарни услови“, рече Гејтс и потоа нагласи:

„Благодарение на научниците и инженерите од целиот свет, се доближуваме до нови решенија кои ќе спречат болести“, рече тој.

Слични содржини