Бил Гејтс ги коментираше теориите на заговор против него: На луѓето им е полесно да имаат едноставни објаснувања

од Nikola Popovski

За време на интервју за Си-Ен-Ен, еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, ги коментирал теориите на заговор што многу често се однесувале на него уште од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Огромен број корисници на Фејсбук објавуваат вакви теории, во кои се споменува Гејтс. Ова е случај и со другите социјални мрежи.

„Ние сме во ситуација кога има социјални мрежи каде се објавуваат „возбудливи“ работи. За време на пандемија, кога сè е неизвесно, полесно е луѓето да имаат едноставни објаснувања. Затоа луѓето како мене стануваат мета со милион пораки испратени секој ден.

Нашата фондација даде повеќе пари за развој на пет вакцини кои ќе спасат животи отколку која било друга организација. Но, тоа е обратно од оние кои тврдат дека заработуваме пари од тоа и дека се обидуваме да убиеме луѓе. Делот што не поврзува со вакцините е точен, но таа поврзаност е извртена“, рече тој за Си-Ен-Ен.

Тој изјавил дека луѓето кои работат на развој на лекови и вакцини против коронавирус имаат добри намери. Според него, тој е шокиран од бројот на објавувања што содржат теории на заговор на социјалните мрежи. Тој потсети дека вакцините биле предмет на овие теории уште пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус.

Слични содржини