Бил Гејтс ги продава акциите: Нова криза на повидок?

од Nikola Popovski

Бил Гејтс можеби повеќе не го води Мајкрософт, но неговите постапки сè уште се надгледуваат и проверуваат низ целиот свет и тој предизвика внимание поради некои од неговите неодамнешни движења на берзата.

Основачот на „Мајкрософт“ претходно предвиде дека би можела да се случи пандемија, а соопшти и дека пишува книга „Како да се спречи следната пандемија“.

Гејтс продава многу од своите акции и го менува фокусот на своите инвестиции, што експертите го гледаат како сигнал за нова можна криза на структурите на пазарот. Теоријата е дека ако Гејтс мисли дека одредени сектори стануваат поризични, тогаш тие веројатно се, пишува шпанска „Марка“.

Богатството на Гејтс се проценува на 111.000 милиони евра, што го прави четврт по големина во светот. Во моментов, голем дел од парите му се поврзани со инвестиции, иако профилот на овие компании се менува.

Пријавено е дека Гејтс купува акции во сектори поврзани со основните човечки потреби, како што се оние во земјоделството (Фарм Сандерсон) или водата (Канадски Пацифик). Тој, исто така, купува акции во домашниот транспорт во САД, што некои го сметаат како знак дека предвидува нова меѓународна криза.

Слични содржини