Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Бил Гејтс го нарече глупаво тврдењето дека тој ја предизвикал пандемијата

Бил Гејтс го нарече глупаво тврдењето дека тој ја предизвикал пандемијата

Бил Гејтс, американски претприемач и основач на „Мајкрософт“, рече дека теоријата на заговор дека бил вклучен во пандемијата од коронавирус со цел инјектирање на чипови во телата на луѓето е толку глупава, што не заслужува да ја побие.

По избувнувањето на пандемијата на коронавирус на социјалните мрежи се шпекулира дека фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е вклучена во создавање на заразата за да се постават чипови за следење на луѓето ширум светот.

– Никогаш не сум се занимавал со микрочипови. Речиси е невозможно да се побие оваа гласина – толку е безсмислена и глупава, рече Бил Гејтс за „Business Insider“.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е втор по големина спонзор на Светската здравствена организација, обезбедувајќи 9,76% од буџетот на организацијата за 2018-2019 година. Фондацијата е главно заинтересирана за финансирање на истражувања поврзани со развој на нови лекови и вакцини.

loading...