Бил Гејтс има порака за сите кои мислат дека ќе ги чипира

од Aleksandar Petrovski

Теоријата на заговор што го освои светот со брзина на светлината веднаш штом изби пандемијата е таа што тврди дека Бил Гејтс всушност го измислил вирусот за да вметне чип во телата на луѓето преку вакцина, преку која тој би имал контрола над сите и конечно ќе владее со светот. Основачот на „Мајкрософт“ конечно го има одговорот за сите што навистина веруваат во тоа.

Иако звучи навистина неверојатно, оваа теорија на заговор е споделена над деветстотини илјади пати на Фејсбук, додека првите десет видеа на YouTube се исто така лажни вести кои шират „докази“ дека Гејтс ги чипира луѓето преку идна вакцина.

Еден од најбогатите луѓе во светот, кој исто така е голем филантроп, конечно го даде својот одговор на овие луди тврдења.

„Да, во ситуација кога имаме социјални мрежи каде се споделуваат вакви „возбудливи“ нешта и пандемија во која сè е неизвесно, полесно е луѓето да имаат едноставно објаснување, а луѓето како мене стануваат цели, со милион пораки кои пристигнуваат секој ден. Тие често прават една паметна работа: нашата фондација даде повеќе пари за развој на пет вакцини што ќе спасат животи отколку која било друга организација. Но, тие го претвораат во обвинувања дека заработуваме пари од тоа, и ние се обидуваме да убиеме луѓе измислувајќи нешто ново. „Барем еден дел што не поврзува со вакцините е точен, но таа се извртува таа поврзаност“, рече Гејтс за Си-Ен-Ен.
Човекот што ги донесе персоналните компјутери во нашите домови и со тоа им го олесни животот на милиони луѓе, се надева дека неговата инвестиција во развој на ефикасен лек против ковид 19 нема да предизвика поголема штета отколку добро.

„Се надевам дека нема да предизвика отпорност на вакцината. Целата приказна за иновациите е всушност нешто од што ќе имаме корист. Единствената добра вест денес е дека одличните компании од приватниот сектор заедно ја координираат и развиваат терапевтска вакцина, тие прават добро, а многумина ќе бидат изненадени. Овие се луѓе со добри намери и ова е време кога луѓето создаваат големи дела “, вели Гејтс.
Тој исто така рече дека е шокиран од бројките што покажуваат колку се шири теоријата на заговор на социјалните мрежи и истакна дека се надева дека ќе изумре ширењето на таа лажна вест. Тој се осврна и на напорите на компаниите како „Фејсбук“ и „Твитер“, кои треба да реагираат и да престанат со објавите што содржат погрешни информации.

„Во некои случаи, тие ги отстрануваат постовите. Пандемијата и социјалните мрежи се лоша комбинација, затоа што луѓето секогаш бараат наједноставно објаснување – „кој е главниот виновник за тоа“. Тоа има врска со политиката, особено во Соединетите држави. А вакцините веќе не беа популарни, дури и пред да започне сето ова. Јас сè уште силно верувам дека ќе се појави вистината на виделина, но не е толку возбудливо да се каже дека некој е невин – затоа што тоа нема да го шеруваат толку луѓе колку што ќе се шеруваат некои обвинувања“, заклучува Бил Гејтс.

Слични содржини