Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Бил Гејтс откри кога ќе заврши пандемијата за „богатиот свет“

Бил Гејтс откри кога ќе заврши пандемијата за „богатиот свет“


Ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс проценува дека пандемијата на коронавирус за „богатиот свет“ ќе заврши до крајот на 2021 година, но дека на другите ќе им треба повеќе време за да се опорават.

„Иновациите во дијагностиката, терапиите и вакцините се импресивни. Затоа верувам дека во богатиот свет, можеме да ставиме крај на пандемијата до крајот на 2021 година, а за остатокот од светот до крајот на 2022 година“, рече Гејтс, пренесува американскиот сајт „CNET“.

Гејтс ги финансира медицинските истражувања и вакцинските програми преку неговата фондација „Бил и Мелинда Гејтс“.

Тој е свесен дека пандемијата ги врати сите земји во светот неколку години наназад кога станува збор за економски раст, борба против ХИВ и маларија.

Гејтс го критикуваше американскиот систем за тестирање на вирусот, како и начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација се справуваат со ситуацијата.

Отворено рече дека големиот број на случаи на коронавирус во САД е резултат на недоволно тестирање и следење на контакти, како и не носење заштитни маски.

Гејтс верува дека вакцината ќе биде развиена, но дека поради разни проблеми, вклучително и производството, ќе може да им помогне само на побогатите земји.

loading...