Можно е да биде потребна трета доза од вакцината против коронавирус за да се спречат сериозни случаи на заболување предизвикани од новите видови, рече милионерот и филантроп Бил Гејтс.

Оваа изјава доаѓа во време на зголемена загриженост дека постојните вакцини се помалку ефикасни против јужноафриканските и бразилските видови на корона.

– Сега се поставува прашањето дали ни треба само исклучително висока покриеност со постојната вакцина, или ни треба трета доза од истата вакцина, или ни треба модифицирана вакцина? – изјави Гејтс за CBS Evening News.

– Сите пет компании кои произведуваат вакцини во САД сакаат да се подготват за случајот луѓето кои веќе примиле две дози да можат да ја добијат третата доза на вакцината. Сметам дека е разумно да се развие модифицирана вакцина за да бидеме потполно сигурни дека ќе делува и на овие видови на вирусот“, рече тој.

Гејтс финансира истражување во Јужна Африка за да утврди дали вакцините на компаниите „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Новавак“ се подеднакво ефикасни против позаразната варијанта на коронавирусот.

– Овој вид е посебен предизвик за „АстраЗенека“, додека вакцините на „Џонсон и Џонсон“ и „Новавак“ се нешто помалку ефикасни, но сепак се доволно ефикасни – изјави Гејтс.

Доколку не се искорени коронавирусот, додаде тој, ќе биде потребно повторно да се вакцинираме во иднина.

-Веројатно не на годишно ниво, но се додека постои вирусот, ние сакаме тој да се шири што е можно помалку низ Америка- рече тој.

Д-р Скот Готлиб, поранешен шеф на Администрацијата за храна и лекови, неодамна за CBS News изјави дека верува дека вакцините што во моментов се дистрибуираат во САД ќе обезбедат разумна заштита од новите видови на вирусот. Сепак, додаде тој, можеби е потребно да се примат дополнителни дози на вакцината наесен.

Слични содржини