Бил Гејтс сака да гради нуклеарен реактор со помош на Јапонци?

од Nikola Popovski

Две јапонски индустриски компании, наводно, планираат да се здружат со Бил Гејтс за да обезбедат техничка поддршка за високотехнолошки нуклеарен реактор што ќе се гради во американската сојузна држава Вајоминг.

Се очекува да биде потпишан договор во јануари, а Јапонската агенција за атомска енергија (ЈАЕА) и „Mitsubishi Industries“ ќе учествуваат во проектот за обезбедување индустриска помош и податоци од напредните јапонски реактори.

Тера Пауер, компанија за нуклеарна енергија основана од Гејтс, планира да ја отвори својата централа во Вајоминг во 2028 година, а американските власти ќе обезбедат средства за покривање на половина од проектот вреден 4 милијарди долари, пишува „Telegraph Business“.

Работата за изградба на брз реактор од 345.000 киловати кој користи натриум како течност за ладење ќе започне во 2024 година.

Компанијата на Гејтс првично планираше да работи со државна кинеска компанија, но ограничувањата за нуклеарните договори со Пекинг наметнати од поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја принудија компанијата да се откаже од тој план.

Јапонија во 2016 година имаше горчливи искуства со демонтирањето на својот прототип на напредниот реактор Монџу, кој чинеше 8,5 милијарди долари, но даде мали резултати и беше проследен со контроверзии.

Слични содржини