Бил Гејтс со план да ја искорени маларијата

од desk2

 

Бил Гејтс ќе вложи четири милиони долари во проект за стварање генетски модификувани комарци, кои меѓусебно ќе се уништуваат низ секс, пишува “New York Post”.

Се работи за прилично храбар и необичен обид да и се стави крај на маларијата, смртоносна болест кој обично се пренесува со каснување од комарец. Гејтс планира да вложи пари од сопствената добротворна организација “Bill and Melinda Gates Foundation”.

планот е да се создадат генетски модифицирани машко комарци кои се парат со женки во дивината.

Само женките од комарците гризат, па гејтсовата армија од генетски модифицирани машки комарци би биле сигурни за луѓето.

Она што е важно е дека тие машки комарци имаат ген кој со текот на парењето го пренесуваат на женките. Благодарение на тој ген, потомците на оплодената женка умираат пред да станат возрасни. За оваа идеја заслужна е британската комапнија “Oxitec” која производоѕ го нарече “Friendly Mosquitos”.

“Oxitec” веќе направи сличен потег во борба со зика вирусот. Има подрачја каде популацијата на зика комарците се намали за 90 отто.

“Killer sex mosquitoes”, како што ги нарече “The Sun” ќе бдат подготвени за проба до 2020 година.

Слични содржини