Бил Гејтс загрижен: Го откажа годишниот одмор

од Nikola Popovski

Бил Гејтс ги откажа плановите за одмор поради ширењето на сојот омикрон на коронавирусот.

„Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата“, напиша Гејтс на Твитер.

Пред само две недели, во објава на својот блог, Гејтс напиша дека 2021 година била „најнеобичната и најтешката година во неговиот живот“.

Тој тогаш изјави дека се надева дека се наѕира крајот на пандемијата и дека акутната фаза ќе дојде до крајот на 2022 година.

„Пандемијата би можела да заврши до 2022 година“, рече Гејтс тогаш.

 

Слични содржини