Биљали: Луѓето сакаат подобар живот, а не приказни премиерот дали ќе биде Македонец или Албанец

од Берта Китинска

Барањето на ДУИ да се оди со предлог за премиер етнички Албанец и тоа да се постави како некаков услов на албанските политички фактори во Македонија е тема која не треба да се третира до крај, вели политичкиот аналитичар и професор Мерсел Биљали во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тоа е крајно несериозно и комплетно ниско. Надвор од секаква логика е и дури и за тие за кои тоа е наменето, со пократко познавање на состојбите. Дури и кај нив таа „стока“ не се продава повеќе. Луѓето размислуваат поинаку, сакаат подобар живот, нивните деца тука да останат, а не приказни премиерот дали ќе биде Македонец или Албанец.

Ова може да предизвика само контраефект поради потценувањето на интелигенцијата на луѓето.

-Да беше пуштена оваа работа пред 6-7 години може ќе имаше некој ефект. Сега сум сигурен не само што ќе нема ефект, туку напротив контраефект. Луѓето се свесни дека ова е лага и дека нема ништо од тоа. Многу луѓе го гледаат и како потценување на интелегенцијата. Сите знаат дека дека премиерот го прави мнозинството. И за да имате стабилна влада тоа го прави најголемата партија. Можен е и поинаков договор, но тоа е прашање на договор, а не наоднапред подготвена платформа. Сметам дека ова е подготвуање на терен за ДУИ да се оправда дека дефинитивно ќе биде опозиција, вели Биљали.

Слични содржини