Билборд во Москва: „Спакувајте ги куферите за итни случаи“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

По изјавата на Путин дека Москва и Минск се договориле да разместат тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, вчера на Твитер се споделуваат видео записи од очевидци на кои се прикажува билборд во Москва со инструкции од Агенцијата за управување со вонредни состојби за пакување куфери за итни случаи.

Во една од објавите пишува: „На московските улици, наводно, се пренесуваат видеа за пакување куфери за итни случаи. Од „Киев за три дена“ до „Спакувајте ги куферите за итни случаи“.

Во друга Твитер објава стои: „Билбордот во Москва покажува порака од Агенцијата за управување со вонредни состојби со инструкции за полнење куфери за итни случаи. Не е на видеото, но очевидците наводно велат дека пораката исто така пренесува дека ќе бидат потребни куфери во случај на хемиски или нуклеарен напад.“

Извор: Цивил

Слични содржини