Билчик: Шокиран сум од уште едното масовно пукање во близина на Белград

од Stefanija Kuzmanovska

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска соопшти дека е шокиран од уште едното масовно пукање во близина на Белград.

„Шокиран сум од страшната вест за уште едно масовно пукање во близина на Белград. Моите мисли се со семејствата на жртвите и со народот на Србија. Се надевам дека властите многу брзо ќе го фатат напаѓачот“, напиша Билчик на Твитер.

Тој повика на темелна истрага за, како што рече, страшните настани и повика на целосно спроведување на правдата.

Слични содржини