„Билд“: Нико Ковач ќе биде нов тренер на Баерн Минхен

од Vladimir Zorba

Нико Ковач, тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, е главен кандидат за да го преземе Баерн Минхен во текот на летото, објави „Билд“. 46-годишниот хрватски специјалист има опција за откупување, при понуда од Баварците.

Како плус за Ковач може да се земе фактот дека е во добри односи со спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, со кого играше во Минхен во 2001-2003.

Актуелниот тренер Јуп Хајнкес, кој го замени Карло Анчелоти во текот на сезоната, ќе се пензионира.

Во исто време, Мануел Ноер го одржа својот прв тренинг со топка, откако до неодамна лекуваше тешка повреда. За 32-годишниот голман, ова беше прв пат да биде заедно со тимот по шест месеци.

Ноер е надвор од терените од септември 2017 година поради фрактура на метатарзалната коска. Германскиот селектор Јоахим Лев се надева дека голманот ќе може да игра на Светското првенство во Русија.

Слични содржини