Билд: Рускиот напад врз Украина најверојатно ќе се случи кон крајот на јануари

од Milan1

Рускиот напад врз Украина најверојатно ќе се случи кон крајот на јануари или почетокот на февруари. За тоа пишува германското издание на „Билд“, потпирајќи се на оценките на извори од НАТО и на украинската разузнавачка служба.

Изданието тврди дека две третини од територијата на Украина можат да бидат окупирани за време на руската офанзива.

Еден од изворите на „Билд“ процени дека доколку Русија ја нападне Украина, сигурно ќе бидат воведени санкции и ќе биде „бесмислено да се запре на половина пат“. План за напад предвидува и Белорусија.

Во исто време, некои мислења од извори на „Билд“ за можното сценарио се различни. Некои тврдат дека се планираат истовремени напади од повеќе фронтови, додека други сметаат дека инвазијата ќе се изврши во три фази.

Првото сценарио, опишано во изданието, е за симултан напад од северниот дел на Крим и преку територијата на самопрогласените републики Доњецк и Луганск (народни републики ДНР и ЛНР).

Второто сценарио вклучува напад на југоисточна Украина и напад врз Киев од север.

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова, на својот Инстаграм профил напиша критички напис дека: „пропагандата, базирана на идеологија, го уништува секој здрав разум“.

Слични содржини