Биле зедно 65 години: Која е Ен Бајденс, вдовицата на Кирк Даглас

Кирк Даглас почина во 104 година. Легендарниот актер зад себе остави четири сина и сопругата Ен Бајденс, која минатата година го прослави својот стотти роденден.

Кирк Даглас се женеше два пати. Првиот пат, 1943, пред олтарот застанал со Дијана Дил која му родила две деца, синовите Мајкл и Џоел. Кирк и Дијана се развеле во 1951 година, а потоа ја запознал љубовта на својот живот, германската продуцентка Ен Бајденс и останал со неа до крајот на животот.

Парот се запозна на снимање на филмот „Lust for Life“ во кој Даглас го играл Винсент Ван Гог. Даглас наскоро се заљубил во неа, а таа го одбила бидејќи го биело глас дека е голем плејбој.

„Во една прилика одлучив дека ќе престанам да ја импресионирам и ќе почнам да ја слушам и да зборувам за себе“, рекол во една прилика.

Ен попуштила и нивната платонска врска пораснала во вистинска и се венчале во 1954 година и останале заедно с до смртта на Кирк. Ен, поради сопругот преминала во јудаизам и добила американско државјанство. Во бракот им се родиле два сина.

Како што пишуваат американските медиуми, благодарение на неа, кариерата на Кирк станала тоа што е. Иако бил исклучително талентиран, Даглас никогаш не научил да управува со парите и станал богат откако се оженил. Ен во Холивуд со години била позната како модна икона и голема хуманитарка.

Слични содржини