Били Ајлиш го урна Интернетот со една фотографија!

од Nikola Popovski

Били Ајлиш се појави на насловната страница на најновиот број на списанието „Вог“ за британскиот пазар. Фотографиите што ги објави на Инстаграм речиси го „урнаа“ Интернетот.

За само една минута, фотографијата што ја објави собра повеќе од десет милиони лајкови, што е рекорд за најмногу лајкови во толку краток временски интервал.

Таа позирала во смело издание – наместо широката облека во која сме навикнати да ја гледаме, храбро ги покажа своите облини.

Пејачката, која инаку е препознатлива по тоа што носи широка облека, беше фотографирана во розова и црна долна облека и корсети.

Фотографијата влезе и во топ 10-те најлајкувани фотографии на сите времиња на Инстаграм.

 

Слични содржини