Били Ајлиш објавува документарец за својот живот

од Stefanija Kuzmanovska

Тинејџерската ѕвезда Били Ајлиш најави документарен филм за својот живот по име The World’s a Little Blurry, кој ќе ја има својата премиера во февруари следната година, поточно во 2021 година.

Покрај премиерата на кино, приказната за животот на осумнаесетгодишната ѕвезда и добитничка на Греми ќе биде прикажана и на платформата за стриминг AppleTV +.

Таа во моментов е една од петте најслушани женски изведувачи на платформите за стриминг, а во јануари годинава успеа да стане најмладиот уметник кој ги освои сите водечки категории на Греми наградите – Песна на годината, Плоча на годината, Албум на годината и Најдобар млад уметник на годината.

 

Слични содржини