Многу жени страдаат од тешка менструација. Хормоналните флуктуации, прекумерниот стрес или сериозни болести како миом на матката, можат да предизвикаат тешки периоди. Тие од своја страна можат да бидат причина за појавата на железна анемија како резултат на обилно месечно крварење.c9e68f68c05e3e6e7024792fd7f677ad

Постојат голем број на билки кои можат да помогнат за балансирање на хормоните и намалување на обилното крварење. Делиме некои од нив.

Витекс
Билката витекс е една од најчесто препорачаните за регулирање на хормоналниот дисбаланс, кој е главна причина за тешкиот месечен циклус. Таа е богата со флавоноиди, кои го поттикнуваат телото да произведува прогестерон кој е важен за регулирање на менструалниот циклус. Може да земате витекс во форма на додатоци или чај за да ги намалите тешките крварења за време на циклусот.

Овчарска торбичка
Со векови оваа билка на широко се користела за лекување на менорагија (обилен циклус) и други нарушувања кои водат до силно крварење од матката. Овчарската торбичка го намалува протокот на крв во матката и ги опушта мускулните грчеви.

Ова го спречува згрутчување на крвта. На овој начин се регулира тешкото менструално крварење. Конзумирајте ја билката во форма на тинктура или чај 2-3 дена пред почетокот на месечниот циклус и продолжете со пиењето за време на циклусот.

Равнец
Белата ајдучка трева е познат како билка која го намалува крварењето од рани. Континуираното консумирање во форма на чај, може да ги ублажи менструалните проблеми како тешко менструалното крварење и грчеви во матката. Билката има и антиинфламаторни својства кои помагаат и за ублажување на болката.

Цариче
Цариче е друга чудесна билка која содржи голема количина танини ограничувачки за прекумерното крварење и грчеви за време на менструацијата. Консумирајте од неа за време на месечниот циклус, за да го прилагодите крварењето.

Босилек
Босилокот содржи анти-спазматични масла кои обезбедуваат инстант олеснување за време на месечниот циклус. Исто така помага за одржување на хормоналниот баланс во телото за време на менструацијата. Консумирајте напивка од босилек за време на циклусот, за да ги спречите тешките крварења.

Слични содржини