Биното го напушта Ферари на крајот на годината

од Vladimir Zorba

Шефот на Ферари Ф1, Матијас Биното повеќе нема да биде прв човек на легендарниот тим, пишуваат многу европски медиуми.

Италијанецот ќе го напушти тимот во декември, а како прва опција за негова замена се споменува Фредерик Васер.

Васер е првиот човек на Заубер, кој се натпреварува како Алфа Ромео, а таа позиција ја извршува повеќе од пет години.

Биното беше често напаѓан во текот на оваа сезона, поради неколку катастрофални грешки на тимот кои го чинеа Шарл Леклер многу поени, а можеби и посериозна борба за титулата светски првак.

Ферари последен пат беше шампион во 2007 година кога Кими Раиконен ги предводеше до тронот.

Слични содржини